Македонија
20. November 2018 - 20:38

Полицијата запре „ауди“ на Кеј, еве што пронајде внатре

Вчера на улица „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје сопрено е патничко моторно возило „Ауди“ управувано од К.А.(37) од Скопје.

При преглед на лицето и возилото пронајдена е една кеса со грутчеста материја. Поради основи на сомнение дека пронајденото е предмет на кривично дело, лицето е приведено во Полициска станица Центар.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.