Балкан
22. December 2016 - 17:45

Полицијата во шок: Фатен таксист како пијан вози низ град

Еден жител на Смедерево кој случајно се затекнал на местото на несреќата успеал да му го спаси животот на еден таксист, така што му ги одзел клучевите и повикал полиција по ударот во бандера.

Имено, смедеревската полиција запрела таксист, кој претходно во Балканска улица удирл во бандера. Иако бил во видна пијана состојба, направен му е и алко тест.

Меѓутоа резултатот од дрегерот ги изненади полицајците, зошто од такситите се очекува да не возат патници ако се под дејство на алкохол.

Алко-тестот кај возачот на таксито покажа 3,58 промили алкохол во крвта.

Таксистот е приведен во полициска станица на отрезнување, а против него ќе биде поднесена и кривична пријава поради возење во алкохолизирана состојба.