Свет
8. јуни 2017 - 12:37

Полицијата во Нов Јужен Велс ќе добие проширени овластувања да отвора оган кон екстремисти

На полицијата во најнаселената австралиска држава ќе и се дадат овластувања да отвора оган кон осомничени во врска со тероризам, дури и доколку напаѓачот не претставува непосредна закана, се предлага во нацрт-законот во државата Нов Јужен Велс, изјави нејзиниот премиер Гладис Береџиклиан.

Измените доаѓаат по серијата напади на лица, поттикнати од радикален исламизам. 

Според нацрт-законот, кој најверојатно ќе биде усвоен од Парламентот на сојузната држава, смртоносна сила може да се користи итно, доколку одреден инцидент од највисокиот полициски функционер во државата е оценет дека е „поврзан со тероризам“, нагласи Береџиклиан. 

Во моментов полицијата треба да почека осомничениот да покаже дека претставува непосредна закана за околината.