-->
-->
Полицијата во Косовска Митровица блокира улица поради сомнителен куфер
-->
Косовската полиција утрово блокира една улица во северниот дел на Косовска Митровица, каде е пронајден оставен куфер и постои сомнеж дека во него се наоѓа експлозив.
Случајот утрово и е пријавен на косовската полиција, а куферот, како што јави Танјуг, се наоѓа пред еден објект на неколку метри од импровизиран пазар и на 100 метри од зградата на српската Канцеларија за Косово и Метохија.
На самото место се испратени полицајци кои чекаат пристигнување на специјални екипи за проверка на содржината во куферот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење