Балкан
25. July 2015 - 20:27

Полицијата употреби водени топови и солзавец во центарот на Анкара

Турската полиција денеска употреби водени топови и солзавец, со цел да растера околу 1.000 демонстранти кои се собрале во Анкара во знак на протест поради воените напади на Турција во Сирија и во северниот дел на Ирак.

Турските власти претходно соопштија дека нема да дозволат утре да се одржи планираниот марш на мирот во Истанбул, нагласувајќи ги како причина загриженоста за безбедноста и хаос во сообраќајот.

Турција од вчера започна воздушни напади врз позиции на групата Исламска држава (ИД) во Сирија, како и врз цели на Курдистанската работничка партија (ПКК0 во Ирак.