Полицијата употреби солзавец врз демонстрантите во Хонг Конг
Полицијата на Хонг Конг при денешните протести употреби солзавец откако демонстрантите претходно фрлаа молотови коктели.
Исто така полицијата преку мегафон ги повика демонстрантите да се разотидат.
Повеќе илјади демонстранти, од кои поголемиот број носеа маски и покрај неодамна воведената забрана за покривање на лицата за време на јавните собири, денеска повторно излегоа на улиците на Хонг Конг, иако полицијата забрани протести.
Демонстрантите носеа транспаренти „Ослободете го Хонг Конг“, а на еден ѕид осамна графит „Подобро мртов отколку црвен“.
Полицијата го прогласи маршот во округот Каулун за нелегален, што значи дека учесниците во протестот можат да бидат уапсени.
Во округот Каулун изминатите недели се случија најголемите судири помеѓу демонстрантите и полицијата.
Демонстрантите се лути на лидерката на Хонг Конг, Кери Лам поради нејзиниот неуспех да ги заштити нивните слободи од централните власти во Пекинг, поради воведувања на овластувања од времето на колонијализмот, како и поради употреба на прекумерна сила од страна на полицијата.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени