Македонија
16. May 2020 - 14:08

Полицијата уапси лице кое изработувало лажни дозволи за движење

Полициски службеници од СВР Скопје, по наредба од судија на претходна постапка, извршија претрес во дом на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, каде престојува З.Т. (22) од Битола, при што биле пронајдени предмети за изработување на дозволи за движење при забрана за движење, фалсификуванидокументи за кредити и други предмети. Притоа, З.Т. признал дека изработил пет лажни дозволи за движење во полициски час, со печат на два правни субјекта кои биле дадени за лицата: З.Т., М.Н., С.Л., С.Д. и М.М. По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.