Македонија
12. јуни 2023 - 16:25

Полицијата уапси двајца битолчани кои „оперирале“ низ куќи

На 11.06.2023 во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Ѓ.М(34) и Џ.А.(31), двајцата од Битола.

Тие се сомничат дека вчера и завчера извршиле две тешки кражби во куќа во Битола и во објект во изградба во битолско Крклино, при што одзеле повеќе предмети.

Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветени пријави.