Македонија
9. јуни 2020 - 11:35

Полицијата уапси дилери од Скопје и Тетово

Вчера во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Н.К.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а во 20.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Македонско-косовска бригада“ ги лишиле од слобода Ф.Б.(23), Е.Р.(42) и С.Б.(33), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај Ф.Б. била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.06.2020 во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на клучка Арачиново го лишиле од слобода С.А.(36) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била ронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.