Македонија
4. September 2020 - 15:32

Полицијата спречи илегален влез на 34 мигранти во Кумановско

На 03.09.2020 во 21.20 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во нас.Ајдучка чешма во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово дале знак за запирање на товарно моторно „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи, по што удрило во ограда на една од куќите и возачот го напуштил местото. Набргу потоа возачот М.Р.(28) од с.Баница, струмичко, бил пронајден и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце. По целосно расчистување и документирање на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.