Полицијата со солзавец спречи пробив на земјоделците кон „европскиот кварт“ на Брисел
Бриселската полиција употреби солзавец за ги спречи незадоволните земјоделци да ги пробијат полициските барикади и да се упатат кон плоштадот „Шуман“ во Брисел, каде што се наоѓаат зградите повеќе институции на Унијата, меѓу кои и на Европската комисија и Советот на ЕУ.
Според полицијата, до инцидентот дошло кога неколку трактори се обиделе да ги пробијат полициските барикади, но во тоа биле спречени од страна на полициските сили кои со солзавец ги спречиле земјоделците во оваа нивна намера.
Весникот „Соар“ информира дека земјоделците со околу 250 трактори ја блокираа улицата „Лоа“ што води од центарот на Брисел кон „Шуман“, како и дека за сообраќај се затворени улиците и тунелите околу плоштадот.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на неколку улици кои водат кон т. н.
„Eвропски кварт“ на градот, каде се стационирани институциите на ЕУ, и земјоделците поставија свои барикади од ѓубриво и сено, а дел од нив ги гаѓале полицајците со јајца и петарди.
Полицијата информира дека засега не е одговорено на овие провокации, но дека се подготвени водени типови за интервенција доколку состојбата ескалира.
Блокадата е во рамки на протестот во организација на неколку земјоделски организации по повод денешното заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ.
Инаку, првите земјоделци со своите трактори пристигнаа во Брисел уште синоќа околу 23 часот, запоседнувајќи го плоштадот „Луксембург“, недалеку од зградата на Европскиот парламент.
Како организатори на протестот се јавуваат меѓународната организација Виа Кампесина (Селски начин) со седиште во францускиот град Бањоле и белгиските валонски здруженија Федерацијата на млади фармери (ФЈА), Валонската земјоделска федерација (ФВА), Обединета федерација на групите на полјоделци и фармери (ФУГЕА) и Мрежата за поддршка на селското земјоделство (РЕСАП).
Ова се трети земјоделски протести во Брисел оваа година, по оние одржани на 1 и на 26 февруари, кога на земјоделците со неколку стотици трактори блокира повеќе улици околу „европски кварт“.
Првиот протест мина мирно, додека на оној на 26 февруари се случија неколку инциденти, кога земјоделците запалија бали од слама и тракторски гуми во близина на плоштадот „Шуман“ и ги гаѓа полицајците со измет, петарди, портокали и шишиња, на што полициските сили одговорија со употреба на солзавец.
Инаку, утрово постојаните претставници на земјите членки на ЕУ во рамки на заседанието на Специјалниот комитет за земјоделство, го поддржаа предлогот на Европската комисија за измени на стандардите за Добри земјоделски и еколошки услови (ГАЕК), поврзани со одредени акти од Заедничката земјоделска политика (ЗЗП).
Предлогот се однесува на прашања поврзани со имплементацијата на стратешките планови на Заедничката земјоделска политика и има за цел да обезбеди поедноставување на правилата, да го намали административниот товар за земјоделството и да обезбеди поголема флексибилност при усогласувањето на земјоделците со одредени еколошки стандарди, што се едни од главните барања на земјоделските протести.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода