Македонија
10. April 2020 - 12:12

Полицијата привела тројца гостиварци, правеле гласна забава и навредувале полицајци

Тројца гостиварци синоќа биле лишени од слобода и задржани во полициска станица, откако не ја прекинале бучната забава и навредувале полицајци.

Од СВР Тетово информираат дека синоќа (9 април) околу 20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д. Н. (34) од Гостивар. Тој е осомничен  дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Со него приведени се и И.М.(35) и С.Т.(36) исто така, од Гостивар, поради сомнение за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и за „неовластено снимање“.

На нивното лишување му претходела пријавена поплака за нарушување на јавниот ред и мир на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, по што биле преземени соодветни службени дејствија од полициските службеници.

Тројцата гостиварци задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.