Македонија
31. March 2018 - 16:22

Полицијата поднесе кривични пријави за демолирањето на казиното во Струмица

Оклу 2 милиони и 600 000 денари е штетата направена во казиното Сенатор во Струмица кое пред десетина дена беа искршени повеќе слот апарати и рулети.  Поради ова против три лица од кои двајца од Василево на возраст од 49 и 34 години  и  еден од Баница  на 25 години  струмичката полиција поднесе кривична пријава со која се сомничат дека извршиле оштетување туѓи предмети.  Како што инфромираат од полицијата 49 годишниот жител на Василево кој е и првоомничен во случајот на 21 овој месец во казиното престојувал од претпладневните часови  па се до 17 и 30 кога и го напуштил истото, но за кратко време   повторно се вратил  и со копач ги демилирал апаратите и рулетите.  Истиот ден пред да дојде во Сенатоr, тој престојувал и во друго казино во градот каде според полицијата извршил исто кривично дело, оштетување туѓи предмети.

 

,, Пријавениот истиот ден бил во казиното „Сенатор“ во временскиот период од  10.30  до 17.30 часот а околу 17.30 часот го напуштил казиното но, по петнаесетина минути се вратил во казиното „Сенатор“, со алат - копач во рацете и за период од неколку минути  со  удари со копачот, оштетил вкупно 44 апарати слот машини, и два рулети, напуштајќи го лице местото и правејќи вкупна материјална штета од  2. 590. 368 денари.

Набргу А.В. е пронајден, лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица. Во меѓувреме, документиран е континуитетот на извршувањето на кривичното дело од страна на А.В. којшто на 21.03. од страна на вработени во казино „Адмирал“ во Струмица, бил пријавен  за сторено кривично дело  “оштетување на туѓи предмети“.,, вели потпаролот на СВР Струмица 

 

Само неколку дена подоцна било демолиран уште едно казино во кое биле уништени повеќе  апарати и направена штета од близу 1 милион и 300 000 денари. Имено  второ и трето пријавениот  во случајот  поттикнати од 49 годишниот жител на Василево  против кој се сомничи и за кривичното дело поттикнување влегеле во касиното Слот и со метална тесла  оштетиле 20 апарати.