Македонија
26. February 2024 - 10:03

Полицијата казни 71 возач на територијата на општина Велес

Во рамки на акциската контрола за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи спроведена вчера на територијата на општина Велес во период од 14 до 20 часот полицијата казни 71 возач.

Од нив, како што соопштуваат од МВР, 22 се казнети за возење без возачка дозвола, шест поради измината важност на сообраќајната дозвола, девет мерки се изречени за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет за возење под дејство на алкохол... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички придонес за побезбедни патишта.