Свет
3. March 2017 - 8:35

Полицијата изврши претрес во домот на Франсоа Фијон

Француските власти вчера извршиле претрес во домот на кандидатот за претседател Франсоа Фијон, како дел од истрагата по обвиненијата, дека исплатувал плата на членови од семејството, кои не вршеле никаква работа.

Полицијата одби да соопшти детали, а адвокатите на семејството Фијон одбија да дадат коментар.

Фијон се обидува да ја сочува својата конзервативна партија од поделби, каде има незадоволство од одлуката да ја продолжи кампањата покрај истрагата. Шефот за финансии на предизборниот штаб Жил Боаје и тројца пратеници вчера објавија дека ја напуштаат предизборниот тим.