Живот
14. September 2015 - 12:37

Полицијата и го спаси животот - Погледнете што извади од хранопроводот на оваа Кинеска

Тајландската полиција, со помош на хирург  успешно извади дијамант од хранопроводот на една кинеска туристка, јави ДПА.

Лекарите по барање на полицијата користеа хирушки шипки за да го отстранат шесткаратниот скапоцен камен од грлото на 39-годишната Жјанг Чулјанг.

Таа го украла дијамантот во вредност од 278 илјади долари од една изложба минатата седмица. Потоа го голтнала со цел да ги мине безбедносните контроли на аеродромот.

Сепак, Кинеската била уапсена бидејќи одговарала на описот на крадецот добиен од снимките од безбедносните камери.

Лекарите морале хируршки да интервенираат бидејќи дијамантот се заглавил во хранопроводникот на жената, а дадените лаксативи не ја завршиле работата.