Македонија
22. August 2015 - 11:09

Полицијата и АРМ им помагаат на изнемоштените мигранти

Од утрово пропуштањето на мигрантите кои чекаат да влезат во земјава продолжува организирано во групи до железничката станица во Гевгелија.

Македонската полиција и припадниците на АРМ кои се ангажирани да го чуваат редот и да спречуваат масовни и неконтролирани преминувања на мигрантите кои во голем број надојдоа од територијата на Грција, од време на време ги спуштаат штитовите за да им помогнат на изнемоштените да добијат соодветна лекарска помош.

Припадниците на специјалните полициски сили и на армијата им поделуваа вода на мигрантите, а им помагаат и на мајките со деца и на бремените жени.

Повеќе прочитајте на ТЕЛЕГРАФ.МК