Полицијата го обезбедува гласачкото место непрекинато до завршување на изборите
На локалните избори денеска полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато почнувајќи од 6:00 часот до 19:00 часот за времетраењето на гласањето, по затворањето на гласачкото место и за време на сумирањето на резултатите и ќе ги отстранува сите неовластени лица од објектот.
Полицијата го обезбедува избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје.
Избирачкиот одбор ќе се грижи за одржување на редот и мирот на гласачкото место и може да
го отстрани секое лице кое го нарушува редот и мирот на гласачкото место. Членовите на одборот можат
да побараат помош од полицијата за воспоставување ред на гласачкото место.
Претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор може да ја повика полицијата во просторијата каде што се гласа доколку има потреба од тоа. Во објектот и просторијата каде што се изведува гласањето и во нејзина близина, избирачкиот одбор во соработка со полицијата е должен да ги отстрани пропагандните материјали.
Полицијата по барање на претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор е должна да ги отстрани неовластено присутните лица во објектот и просторијата за гласање, како и неовластено присутните лица од објектот каде што се изведува гласањето во радиус од 100 метри.
Избирачкиот одбор може да го прекине гласањето, ако на гласачкото место се наруши редот, сè додека тој не се воспостави. Гласањето може да се прекине и во случај на временски непогоди или други вонредни околности. Избирачкиот одбор ќе го прекине гласањето ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба или ако таа е повикана и не се одѕвала на повикот. Ако гласањето е прекинато подолго од еден час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Причините за прекинот на гласањето и времето за кое гласањето се прекинало се внесуваат во записникот на избирачкиот одбор.
На овие избори полицијата постојано ќе го обезбедува исто така доверливиот избирачки материјал
Ново на Сител
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија