Живот
11. November 2016 - 11:31

Полицијата дојде по трупот, а тој се разбуди

Момче со име Хорхе од Перу толку се опијанил што заспал полугол покрај река. Пијаниот 25-годишник го здогледале локалните жители, а убедени дека е починат, повикале полиција.

Со оглед на тоа дека Хорхе целосно бил пропаднат во калта, полицајците едвај го извекле, а се разбудил дури кога почнале да го мијат.

- Ништо не направив, промрморел кога видел што се случува околу него. 

- Можел да умре од труење од алкохол или хипотермија, изјавил извор за Дејли Мејл, а локалните медиуми нагаѓаат дека Хорхе залутал до реката, заглавил во калта па заспал.