Македонија
26. October 2019 - 12:42

Полицијата апсеше во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Пробиштип

Полицијата вчера апсеше во Скопје, Куманово, Пробиштип, Тетово, Гостивар откако на дело фати неколку лица со дрога.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 22-годишниот Ј.З.од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На магистралниот пат Лојане-Стража полициски службеници извршиле преглед на моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И., во кое како совозач бил Ј.З., при што кај него била пронајдена и одземена марихуана, а исто така од слобода биле лишени Ф.Д.(38) од селото Волково, скопско и  43-годишниот Г.Ѓ. од Скопје поради тоа што при претрес во домот и други простории на Ф.Д. во Волково каде бил затекнат и Г.Ѓ., извршен во периодот од 05.00 до 06.45 часот врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје пронашле и одзеле марихуана. 

МВР информира дека полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 33-годишиот Д.Б. од селото Булачани затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а апсење имало и во Пробиштип каде бил фатен 31-годишниот Д.К. од Пробиштип, со марихуана во домот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 34-годишниот Р.В. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На  локалниот пат од Тетово кон село Требош полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, а исто така полицијата во Гостивар  му ставила лисици на рацете на 27-годишниот Ш.Ф. од село Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“, откако го фатиле со марихуана.

Против сите ќе биде поднесен соодветен подесок.