Македонија
8. February 2020 - 12:12

Полицијата апсеше дилери на дрога во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје биле уаспени неколку лица поради нелегално поседување на дрога.

Вчера во 22,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на  бул.“Илинден“ го лишиле од слобода А.Б.(27) од Кавадарци затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. 

Во исто време во 22,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода М.Р.(43) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Нешто подоцна во 02,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода М.И.(23) и С.Б.(52) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.