Џет-Сет
31. December 2016 - 13:20

Полиција: Причината за смртта на Џорџ Мајкл е нејасна

Наодите од обдукцијата не ја покажале причината за смртта на пејачот Џорџ Мајкл – соопшти полицијата и најави нови тестови.
 
Причината за смртта е нејасна и неубедлива, па ќе бидат направени доплнителни тестови а резултатите од ти тестови ќе бидат објавени з аповеќе од неколку недели – наведе полицијата, пренесе Франс прес.
 
Полицијата и претходно соопшти дека смртта на Џорџ Мајкл е „необјаснива но не и сомнителна“.
 
Менаџерот Мајкл Липман изјави дека делува како причина за смртта да е откажување на срцето.