Живот
27. October 2017 - 13:47

Полицајците затекнаа хорор сцена: Двојка е пронајдена онесвестена во автомобил, а од позади се слушна плач

Двојка од Флорида е пронајдена без свест во својот автомобил. Вратата од возачот била отворена, а на задното седиште имало осуммесечно бебе.

-Пелените на бебето биле толку полни што фекалии му течеле по нозете. Девојчето било гладно, па посегна по шишенцето веднаш штом го виде, напиша полицијата при објавата на видеото на Фејсбук.

Полицаецот кој страотната сцена ја затекнал на еден паркинг рече дека во автомобилот пронашол остатоци од дрога.

Родителите на девојчето, 34-годишната Кимберли Мекафри и 33-годишниот Шон Генон се уапсени.

Мекафри е уапсена поради поседување на дрога и занемарување на детето, додека Генон е осомничен за возење без возачка дозвола и поседување на дрога.

Камерата која полицаецот ја носел прикажува како се приближува кон возилото и го забележува бебето на задното седиште. Во тој момент, мажот се разбудил и на прашање од полицаецот што прават онесвестени на паркингот со бебе, кратко рече: „Се извинувам“.

На неговата рака имаше знаци од интравенозно земање на дрога.

Детето им е одземено и се наоѓа во Центарот за социјална заштита, а полицијата на Фејсбук заклучи како животите на невините луѓе секојдневно се загрозени поради дрогирање кои поприми размери на епидемија.