Живот
22. February 2018 - 10:57

Полицајци само кренале и поглед и виделе дете како виси на 3 спрат од зграда

Овој инцидент кој малку фалело да стане трагедија се случил во Асјут, Египет.

Вниманието на полицајците кои обезбедувале банка им го привлекло нешто што мрдлао на фасадата од зграда.

Кога добро погледнале сфатиле дека станува збор за дете кое виси на третиот спрат.

Немале ни секунда за губење, дофатиле престилка која стоела на ограда, но падот на детето ги изнендил.

За среќа, едниот од нив успеал да го дофати за рака, кое судејќи според видеото има четири или пет години, па поминало и без гребаници. Полицаецот бил полесно повреден. Погледнете: