Полицаец стопирал возило во Тетово - Осуденик за убиство му вперил пиштол

На улица „Страшо Пинџур“ во Тетово вчера околу 21:45 часот од страна на полициски службеници на СВР Тетово биле преземани мерки за приведување на лицето Г.Е. (41) од Тетово кој се бара за издржување затворска казна во времетрање од 6 години и 5 месеци за сторено кривично дело "убиство".
Откако лицето било забележано на наведената улица како совозач во патничко моторно возило “Волксваген-Пасат“, од страна на полициски службеник била издадена наредба да се сопре возилото, при што непознатиот возач со голема брзина тргнал кон полицискиот службеник и со предниот дел од возилото го удрил во пределот на десното колено. По што Г.Е. извадил пиштол кој го вперил кон полицискиот службеник и иситот од службениот пиштол испукал еден проектил кон возилото. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата.
Ново на Сител
-

Откриени 10 непотребни кардиохируршки операции
-

ФЗОМ одбележува 25 години постоење
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ дека Заев се уште ги држи конците во СДС е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче
-

18 нови вработувања во штипска Клиничка болница
-

Започнува единаесеттото издание на „Самун ем татлија“ во Радовиш
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
