Македонија
11. May 2021 - 17:37

Полицаец добил струен удар при исклучување на семафор во Скопје

Вчераутро на крстосница во близина на скопскиот Саем, полицаец добил струен удар во моментот кога се обидувал да ги исклучи семафорите на крстосницата, соопшти МВР.

- На 10.05.2021 околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, додека полициски службеник од СВР Скопје вршел службени дејства, се здобил со повреди, при исклучување на семафор (струен удар)“, велат од полицијата.

Тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, се додава во соопштението од МВР.