Фудбал
20. December 2018 - 8:56

Покетино: Ќе биде многу тешко во уште една лондонска пресметка

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, очекува исклучително тежок пат до финалето на Лига купот. Неговиот тим синоќа во четвртфиналето го совалда Арсенал со 2:0 и за ривал во полуфиналето го доби Челзи.

-Многу тешка жрепка. Ни претстои ушет едно лондонско дерби. Веќе игравме со Вотфорд, Вест Хем и “Арсенал. Ќе видиме што ќе се случи. Челзи е одличен тим, но ние сме среќни што сме во полуфиналето. За нас ова е фантастично, потенцира Покетино.

Во другото полуфинале од ЕФЛ купот се среќаваат Манчестер сити и Бартон.