Македонија
14. February 2017 - 8:34

Покачување на дневните, а намалување на утринските температури

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево. Во јужните подрачја претпладне ќе има мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде претежно сончево со слаб ветер. На повисоките места и на планините ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до седум степени.  

Во наредните денови ќе преовладува сончево време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, особено во четврток кога ќе биде најтопло, а утринската температура ќе биде релативно ниска. Од петок и за време на викендот ќе има услови за појава на магла по котлините и по речните долини.