Македонија
18. November 2018 - 18:50

Појава на ситни одрони на патниот правец Делчево – Берово

Интенизвните врнежи од снег кои го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион придонесоа за зголемување на влажноста на коловозот, а со тоа и отежнато движење на сообраќајот на овој патен правец. На одредени делници од патот забележлива е појавата на одрони, особено во делот на патниот правец од Пехчево кон Делчево. Оваа појава најзабележлива е во делот пред селата Црник и Панчарево.

Од „Македонија пат“ информираат дека нивните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
 
– Иако наши екипи се на терен и ги расчистуваме одроните на местата каде се забележани, поради влажните коловози апелираме возачите да ја почитуваат пропишаната сообраќајна сигнализација и да возат внимателно, велат од „Македонија пат“.
 
Од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Делчево ги потсетуваат учесниците во сообраќајот дека се должни да ги почитуваат законските одредби за управување со возило во зимски услови и апелираат до возачите да направат зимска проверка и подготовка на своето возило, навремено да ја обезбедат потребната зимска опрема, секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.