Балкан
7. August 2019 - 14:57

Погребано крвнички убиеното семејство во Загреб: Стотици луѓе ги испратија кон вечното почивалиште

Во вторникот нешто пред 16 часот на загребските гробишта Мирошевац се погребани петте жртви на Игор Наѓ.

Погребани се членовите на семејството Тојагиќ: Јосипа Тојагиќ, родителите Драгомир и Фиљка Тојагиќ, Маја Тојагиќ и нејзиниот син Паоло.

Да потсетиме, во загребската населба Кајзерица, во четвртокот вечер се случи шесткратно убиство.

Преживеа само двомесечното бебе кое не е повредено. Убиецот е Игор Наѓ, партнер на Маја и татко на детето кое единствено го преживеа масакрот. Освенм членовите на семејството Тојагиќ, убиен е и Давор Паушек со кого Јосипа била во врска.

По неколкучасовно бегство, убиецот Игор Наѓ изврши самоубиство. На гробиштата Мирошевац вчера попладне се собраа стотици луѓе.

Одредени хрватски медиуми пренесуваат дека членовите на брутално убиеното семејство се погребани во бели ковчези.