Балкан
10. јуни 2016 - 9:21

Погребана Јасмина - на таткото монструм селаните му ги извадија очите

Таткото и ќерката од Србија, Јасмина и Живоин кои заминаа во смрт, не се заедно погребани. По одлука на роднините, таткото и ќерката се разделени на патот кон вечниот дом. Живоин бил погребан вчера точно на пладне, додека несреќната Јасмина два часа подоцна со тажна поворка.

70-годишниот татко убиец кој по расправија ја уби 41-годишната ќерка Јасмина, па си пресуди самиот на себе пукајќи во глава, беше закопан со мал број луѓе. 

Таткото беше испратен без опело, крст и голем број роднини.

На посмртните слики закачени низ селото, мештаните ги ваделе очите. За разлика од Живоин, Јасмина ја испратиле во вечниот дом.

Расправијата се случи пред неколку дена и го потресе регионот.