Балкан
24. February 2016 - 11:33

Погребан Стефан: Даде кош и засекогаш не напушти

На месните гробишта во лесковачкото село Мрштане вчера е погребан 18-годишниот Стефан Арсиќ, ученик во Техничкото училиште „Рабе Металац“ кому ден пред тоа му се слошило на час по физичко, по што починал во Ургентниот центар.

Во Мрштани не се памети поголем погреб. Во тажната поворка, тукушто замомчениот Стефан до вечната куќа го испратија неутешната мајка Сања, таткото Братислав, братот Милош, бабите и дедовците, неговите школски другари и другарки, професорите и соседите. Лелек на изнемоштената од болка, мајка која не можеше да оди го параше небото.

Стефан, одличен ученик од IV/6  на насокаата Мултимедија, се онесвестил при крајот на часот по физичко.

-Околу 16.30, откако уфрли кош, само се онесвести. Прво мислевме дека легнал да се одмори. Засекогаш не напушти, зборуваат низ солзи неговите другари.

Од детството боледувал од слабост на срцето. Првпат на пет години е опериран во специјализирана клиника во Лондон, а втор пат во мај минатата година на истата клиника. Никој од роднините и соседите не ги обвинува лекарите, кои не гарантираа дека потполно е излекуван, а ни професорите. Многумина сметаат дека причина за трагедијата е високата температура тој ден.