Македонија
3. November 2016 - 19:50

Поголемите населени места во Велес ќе добијат детски градинки

Поголемите населени места во Велес ќе добијат детски градинки. Локалната самоуправа почнува проект за отворање на градинки во руралните средини. Првата градинка ќе се отвори во Караслари.

објектот во караслари ќе работи во склоп на градинката Димче Мирчев. Според проектот, овде е предвидено сместување за 30-тина деца.

Според локалните власти, градинката во Караслари ќе им послужи и на оние родители кои своето работнот место им се наоѓа во некој од компаниите кои работат во индустриската зона Караслари.

Градинката во Караслари ќе се отвори за околу два месеца. Од општината велат дека се планира установи за згрижување на деца од предучилишна возраст да добијат и Оризари, Иванковцки, Бузалково.