Македонија
5. May 2019 - 11:09

Поголем број тиквешани гласале до 10 часот на вториот круг од претседателските избори за разлика од првиот круг

Поголем број тиквешани гласале до 10 часот  на вториот круг од претседателските избори за разлика од првиот круг, говорат податоците  од општинските изборни комисии.

Во Кавадарци овојпат гласале 9,7 проценти од гласачите, а во првиот круг тоа го сториле 9 отсто од избирачите.  Денеска до 10 часот, своето  право на глас го оствариле  11,06 неготинци запишани во избирачкиот список, наспроти осумте проценти во првиот круг.

Најголема е разликата во Демир Капија, каде до истиот период од денот, на 21 април гласале 8,02 отсто од избирачите, а сега 13,24 проценти. За разлика од петте проценти во првиот круг, во вториот круг, до 10 часот своето право на глас го оствариле 6,9 отсто од росоманци запишани во избирачкиот список.