Свет
23. December 2017 - 14:25

Погледнете го Путин во акција под полна опрема: Видео кое сите зборуваат

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на пријателскиот натпревар „Ноќна хокеарска лига“, која е одиграна на Црвениот Плоштад во Москва, соопшти Кремљ.

Како што се наведува, освен Путин на натпреварот учествуваа и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, познатиот руски саксофоонист Игор Бутман и хокеарот Вјачеслав Фетисов.

„Ноќната хокеарска лига“ е основана 2011 година на иницијатива на рускиот претседател и со поддршка на руските хокеј ветерани.

 

 

Главна задача е да се привлече вниманието на јавноста за овој спорт, да се популаризира хокејот во земјата и да се создаде лобистичко хокеарско здружение кое ќе ги обедини сите региони во Русија.