Балкан
22. September 2019 - 19:25

Погледнете го моментот кога почна пеколниот земјотрес во Албанија: Водителката во живо читаше вести кога почна се да се тресе

Најмалку 108 лица се повредени во силниот земјотрес кој вчера ја погоди Албанија, а моментот кога започна силниот потрес го забележаа камерите на албанската телевизија Ора Њуз Лајме, која во тој момент емитуваше вести.

Иако потресот беше силен, водителката продолжи да ги чита вестите додека програмата не е прекината, но нејзиниот поглед полн со страв зборува за тоа колку силно се тресела земјата.

Земјотресот предизвика повреди и материјална штета во во некои градови од земјата, а најлошо поминаа Драч и Тирана.

Во потресот исто така се оштетени повече од 290 куќи, а на 20 станбени згради се појавија пукнатини.

На седница на влада одлучено е полицијата да биде во приправна состојба за да се контролира состојбата после земјотресот.

После првиот земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер уште еден силен земјотрес го погоди подрачјето на Албанија околу полноќ и тоа со јачина од 5 степени и со епицентар близу Драч, а потоа се почувствуа серија на послаби потреси.

Според забележените податоци, ова е најсилен земјотрес забележан во последните 20-30 години. Потресите се почувствуваа и во Ѓирокастро, Подградец, Фиер, Дибер и Скадар.

Земјотресот се почувствува и во Црна Гора.