Македонија
24. November 2015 - 9:09

Поетски портрет за Љерка Тот Наумова во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи поетски портрет на Љерка Тот Наумова, по повод  40-годишнината од излегувањето на нејзината прва стихозбирка  „Шепот на љубовта“ и објавувањето на најновото поетско остварување „Зародиш на повикување“. 

За творештвото на Љерка Тот Наумова ќе зборуваат проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Марина Мијаковска. Стихови ќе  чита Александра Велинова, а музичката придружба ќе биде на Миле Јовановски Поречанец.

Љерка Тот Наумова е член на ДПМ од 1991 година. Автор е на 15 стихозбирки. Нејзината поезија е преведувана на повеќе јазици, меѓу кои: англиски, турски, грчки, италијански, албански и влашки. Застапена е во неколку антологии на современата македонска поезија. Објавува и на хрватски јазик, а член е и на Друштвото на хрватските писатели.