Македонија
2. October 2018 - 9:42

Поетски портрет на Борче Панов во Радовиш

Во Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш вечер ќе се одржи поетски портрет на поетот Борче Панов.

За поетското творештво на познатиот македонски поет Борче Панов ќе зборуваат: д-р Лорета Георгиевска, д-р Мишел Павловски, д-р Христо Петрески и Мирко Марковиќ - писател и советник-библиотекар од Србија.

Овој книжевен настан се одржува во рамките на проектот „Управување со дигитални збирки: нови предизвици за јавните библиотеки“ на кој учествуваат четириесетина преставници од сите библиотеки во Македонија, како и гости од Србија.

Панов е автор на повеќе книги поезија и драмски текстови.

Организатор на книжевниот портрет на Борче Панов е Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш.