-->
-->
Подземните складишта за гас во Турција се 100 отсто полни, соопшти турскиот министер за енергетика
-->
– Подземните складишта за гас во Турција се 100 отсто полни, објави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез на Твитер.
Турција ги заврши подготовките за зимата, при што подземните складишта за гас се целосно исполнети со природен гас, истакна Донмез.
„Нашите подземни складишта за гас во Силиври и Тузголу се 100 отсто полни“, прецизираше тој вчера.
Турските власти најавија дека не очекуваат влошување на состојбата во енергетскиот сектор, бидејќи Турција нема проблеми со испораките на природен гас, кој го добива главно од Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром