Подрачното основно училиште во Хром почна со работа
Подрачното општинско основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, во општина Ѓорче Петров, денеска и официјално почна со работа. Училиштето во изминатите 14 месеци беше целосно реконструирано, доградено, опремено и оспособено во него да се одвива настава за учениците од прво до петто одделение.
На првиот училишен час присуствуваа градоначалникот Сокол Митровски, преставници од општината и Советот на општината Ѓорче Петров кои ги поздравија учениците и им посака успешна училишна година во новите простории на училиштето.
Новото училиште, како што истакна градоначалникот Митровски, ќе им овозможи многу подобри услови за настава на учениците, а потребата да се изгради, како што рече, беше неминовна за жителите на населбата Хром.
- Изградбата на училиштето е резултат на напорната, посветена и континуирана работа на Министерството за образование и наука и општина Ѓорче Петров. Новиот објект на подрачното училиште во Хром е комплетно завршен и опремен, порача градоначалникот Митровски.
Ново на Сител
-
Едно лице е убиено во напад на седиштето на албанската телевизија „Топ чанел“
-
Тема на денот со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска
-
Кој ќе работи во хотелите во Охрид?
-
НАТО со силни критики за Русија и нејзината опасна нуклеарна реторика
-
Актуелниот шампион Бањаја со победа ја започна новата сезона во Мото ГП
-
Македонија утре ќе игра контролна средба со Фарските Острови
-
ВМРО-ДПМНЕ им одговори на СДСМ и на ДУИ за уставните измени
-
Ќе поминат ли македонските државјани со налепница, наместо нови таблици?