Македонија
11. December 2019 - 19:36

Подобра инфраструктура бара бизнисот за поголема соработка помеѓу Софија и Скопје

Политичките односи меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле подобри, но бизнисот никако да ја искористи оваа ситуација. Од Македонско-бугарската Стопанска комора велат дека мора да се инвестира во инфраструктура ако сакаме трговската размена меѓу двете држави да се зголемува за повеќе од 5 отсто на годишно ниво. Комората поднесе иницијатива за изградба на интерконектор за гасовно поврзување на Струмица и Петрич.

- Гасната инфраструктура ни беше најлесна во овој момент да ја видиме и да ја пренесеме како иницијатива од причина што на Македонија и е потребно, согласно европските закони втор секундарен извор на власт што ќе се обезбеди преку Азербејџанскиот гас и гасот долу од Пиреја. Со и трговската размена многу бргу ќе се зголеми меѓу двете земји, рече претседателот на Македонско-бугарската Стопанска комора.

Изградбата би траела помалку од четири месеци, а би чинела околу 25 милиони евра. Премиерот Заев се надева дека ЕУ ќе сака финансиски да помогне во изградбата.

Сепак, тој уверува дека интензивно се работи на инфраструктурно поврзување меѓу двете земји.

- 12-те проценти пораст на трговијата не треба да биде задоволително. Ја чекаме 2019 да заврши па да видиме колкав ќе биде процентот. Јас верувам дека таа се унапредува. Но можам само да спомнам најмалку 6 нови инвестиции од Бугарија кои што се случуваат во Република Северна Македонија. И тоа се квалитетни инвестиции, рече Заев.

Две од овие инвестиции кои ги најави премиерот се во Струмица.

Инаку Владата го следи развојот на проектот за нуклеарната централа Белене, каде земјава сериозно сака да учествува.