Поднесено обвинение за три лица за трговија со дете
- Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело обвинение за три лица за трговија со дете.
- Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до надлежен суд поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „трговија со дете“ од член 418 г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека две лица – корисници на сексуални услуги се обвинети за кривично дело „трговија со дете“ од член 418 г став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.
По спроведување на опсежна истражна постапка и прибирање на обемен доказен материјал, Обвинителството утврдило дека од почетокот на декември 2017 година до 6 февруари годинава, во Кавадарци, Радовиш, Штип и село Мислешево – струшко, прво обвинетата, со употреба на сила, сериозна закана и измама ја искористила немоќта на детето кое немало наполнето 14 години. Обвинетата заради експлоатација по пат на користење во сексуални активности, за паричен или друг надоместок ја превезувала, ја продавала, ја нудела на продавање, ја засолнувала и организирала присилен брак на детето.
Другите обвинети, како што стои во соопштението од Обвинителството, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со луѓе, ја искористувале и овозможувале на друг повеќекратно искористување за сексуални услуги, со што го сториле кривичното дело за кое се товарат.
Како резултат за злоупотребата, детето останало бремено и било принудено да ја прекине бременоста.
Поради постапките на обвинетите детето во одреден временски период имало нарушена здравствена состојба, душевно трпело и чувствувала физичка болка од нанесени телесни повреди.
Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судот доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети.
Ново на Сител
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар