Македонија
24. January 2017 - 10:57

Поднесени 48 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер во Гевгелија

До општина Гевгелија во текот на изминатава година биле поднесени вкупно 48 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и на сите било одговорено согласно законските рокови, информираа денеска од надлежната служба.

Од вкупниот број барања, 16 биле поднесени од физички лица од општина Гевгелија, а 32 барања  од правни лица со седиште во Скопје. Барањата се однесувале на различни информации, програми и други документи од надлежностите на локалната самоуправа.

Според надлежните, ова претставува најдобра потврда за транспарентноста во работењето на општина Гевгелија чии што служби и понатаму ќе останат отворени за помош и соработка со сите граѓани.