Бизнис
4. November 2015 - 11:36

Поднесени 365 барања за субвенции од млекопроизводителите во Кочанско

Голем е интересот за субвенции кај млекопроизводителите од Кочанско. Како што велат во Подрачната единица на Министерството за зејоделство, шумартство и водостопанство, на јавниот повик се поднесени повеќе од очекуваниот број барања.

 
- До денес се доставени 365 барања од млекопроизводители од општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево. Нивниот број очекувам да се зголеми на 380 бидејки огласот е отворен до утре, изјави раководителот на Подрачната единица Јордан Димитров.
 
Млекопроизводителите ќе добијат по 3,5 денари за еден литар предадено млеко во регистрирана млекарнција. Субвенциите се за предадено млеко во периодот мај-септемеври 2015 година.