Македонија
13. May 2020 - 15:36

Поднесена кривична пријава против скопјанец кој сам си издал лажна дозвола за движење

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Б.П.(54), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“. 

Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, си издал дозвола за движење во период од 07.00 до 17.00 часот и од 17.00 до 07.00 и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа.

Притоа, на 22.04.2020, при контрола од страна на полициски службеници, на увид ја приложил дозволата со невистинити податоци, стои во соопштението од МВР.