Македонија
8. September 2018 - 13:51

Подметнат пожар во ноќен клуб во Варош

Вчера околу 1:30 часот во Полициска станица Прилеп, пријавено било дека на магистралниот пат Македонски Брод-Прилеп на место викано „Тополка“, атар на Варош, во објект кој се користи како ноќен клуб настанал пожар. 

Од страна на Противпожарна единица Прилеп пожарот е изгаснат, а од извршениот увид е констатирано дека непознат сторител со запалива материја предизвикал пожар во дворното место и внатре во локалот, при што е опожарен дел од инвентарот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.