Подметнат пожар: Пронајдени 11 изгорени тела во фабрика во Москва
Полицијата спроведува истрага за да ги утврди причините за смртта и дали пожарот е подметнат. Извори велат дека пожарот можеби е намерно предизвикан за да се прекрие друго злосторство.
Истражните органи засега потврдија на самото место се пронајдени 11 тела на жртви, како и дека во синоќешниот пожар се уништени или оштетени 3.000 квадратни метри од шивална за обелка во улицата Строминка на истокот од Москва.
Кривична истраге е покрената откако пожарникарите, кои пожарот го ставија под контрола синоќа околу 23 часот, ги пронашле телата на жртвите.
Истрагата е покрената под сомнение за „намерно оштетување или уништување на имот, што резултирало со смрт на луѓе и други тешки последици“, изјави портпаролот на истражниот комитет Јулија Иванова. Полициските извори претходно изјавија дека “жртвите не биле од словенско потекло“. Нивниот идентитет се уште не е утврден, но се работи на тоа.
На местото се пронајдени неколку извори на оган, па истражните органи се сомневаат дека пожарот можеби е подметнат намерни за да се скрие некое злосторство, вели извор за агенциајта Тасс. Тој додаде дека не е познато дали жртвите починале во пожарот или се убиени претходно. Тоа треба да го утврдат форензичарите.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто