Македонија
6. February 2016 - 13:25

Подметнат пожар пред дом на стружанец

Непознат сторител околу 01,40 часот предизвикал пожар со фрлање на запалива течност пред вратата на домот на Д.У. (40) од Струга при што пожарот се проширил и во внатрешниот дел, информира МВР.

Д.У. во Полициската станица-Струга  пријавил предизвикување општа опасност извршено од страна на непознатиот сторител.

Од страна на присутните во домот пожарот е изгаснат, при што мајката на Д.У., М.У. се здобила со изгореници во десната нога.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.