Подгорица: НАТО не планира да отвори база за Црна Гора
НАТО нема намера да отвори своја база во Црна Гора, дури и ако земјата го сака тоа, изјави денеска црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.
- НАТО не е заинтересиран за отворање на бази, иако ние би го сакале тоа, изјави Бошковиќ по пристигнувањето во Брисел на средбата на министрите за одбрана на земјите на НАТО, на која Црна Гора првпат учествува како полноправна членка.
Бошковиќ нагласи дека членството на Црна Гора во НАТО не е насочено против никого, вклучително ниту против Русија, додавајќи дека Подгорица се стреми за стабилност на западниот Балкан, што е во интерес и на Москва.
Црна Гора на 5 јуни официјално стана 29-та членка на НАТО и покрај противењето на поголем дел од црногорската опозиција и јавно изразеното незадоволство од страна на Русија.
Ново на Сител
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер
-
ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран
-
Пожар на дел од куќа во Кавадарци
-
Еден отстранет и дисциплинска за петмина полицајци за инцидентот пред тетовската болница