Loading Video...
Спорт плус
24. February 2019 - 16:39

Поделени четири сета медали во екипна конкуренција на СП но нордиски дисциплини

На Светското првенство во нордиски скијачки дисциплини, што се одржува во Зефелд, Австрија, денеска поделени четири сета медали во екипна конкуренција. 
 
Во супер неизвесната женската спринтерската трка Швеѓанките, Стина Нилсон и Маја Далквист се закити со златото, оставајќи ги зад себе Словенките, Катја Виснар и Анамарија Ламиќ за засо 37.стотинки, додека Ингрид Оесберг и Микен Касперсен Фала со заостанување од 60.стотинки ја освоија бронзата. 
 
Кај мажите. Триумфираа Емил Иверсен и Јоханес Клаебо од Норвешка, пред Русите, Галеб Ретивкин и Александер Болшунов кој заостанаа 1,88.секунди, односно италијанскиот тандем Франческо Де Фабиани и Федерико Пелегрино кои имаа 4,03.секунди послабо време од победниците. 
 
Во машка конкуренција се одржа и трката во нордиска комбинација, на која, како и пред две години до златото стигна штафетата на Германија, предводена од Ерик Френцел кој стигна до својот вкупно 14-ти медал на Мундијалите, од кои седум златни.  Среброто го освоија Норвежаните, а со бронзата се закитија Австријците
 
Германскиот квартет на скокачи: Карл Гајгер, Ричард Фрајтах, Стефан Лејхе и Маркус Ајсенбрихлер, го освоија златото во екипна конкуренција, откако остварија вкупно најдобри оценки од судиите на големата 130.метарска скокалница. Германските скокачи имаа дури 57 бодови повеќе во однос на сребрената Австрија, додека јапонските скокачи го освоија бронзениот медал.